Судот го отфрли барањето на Трамп за повторно судење на Стоун

Фото: EPA-EFE/Ron Sachs

Судиката Ејми Берман Џексон наведе дека адвокатите на одбраната не доставиле основи за ново судење или која било друга причина за да се верува дека дошло до сериозно нарушување на правдата.

Федерален судија на САД го отфрли барањето на американскиот претседател Доналд Трамп повторно да му се суди на неговиот близок пријател Роџер Стоун.

Судиката Ејми Берман Џексон наведе дека адвокатите на одбраната не доставиле основи за ново судење или која било друга причина за да се верува дека дошло до сериозно нарушување на правдата.

Трамп вчера во Белата куќа не одговори на прашањето на новинарите дали размислува за помилување на Стоун, кој минатата година беше прогласен за виновен за лажење во Конгресот, опструкции и злоупотреба на сведоци.

Казната на Стоун ќе му биде изречена следната недела. Обвинителот бара казна од седум до девет години затвор.

Стоун ги негираше сите обвиненија, наведувајќи дека постапката против него е политички мотивирана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот