Судот го одби барањето на Берлускони за прекин на судењето: Обвинет е за секс со малолетна девојка

Силвио Берлускони/ Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Италијанскиот суд денеска го одби барањето на поранешниот премиер Силвио Берлускони да го прекине судењето поради тешка болест.

Судијата Марко Тремолада сепак го закажа следното рочиште за 8 септември, што му дава на 84-годишниот милијардер повеќе од три месеци да закрепне од последната акутна фаза на болеста.

Берлускони, кој беше италијански премиер четири пати, годинава неколку пати беше во болница откако беше заразен со коронавирусот минатиот септември, што предизвика шпекулации дека неговото здравје е сериозно нарушено.

На денешното рочиште, кое се однесува на случајот во кој тој е обвинет за секс со малолетна девојка со прекар Руби, Термолада донесе одлука случајот Берлускони да не се одвојува од другите обвинети, со што ги отфрли барањата и на обвинителството и на одбраната.

Берлускони е обвинет дека не пријавил малолетна проституција.

Адвокатот на Берлускони рече дека неговата неможност да присуствува на судењето може да го парализира судењето за останатите обвинети.

Обвинителката Тицијана Сицилијано рече дека Берлускони страда од повеќе психијатриски и невролошки проблеми, кои тешко дека ќе се излечат до септември, но судијата изјави дека судот е оптимист во врска со неговото закрепнување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот