Судот донесе пресуда дали Тони Цетински ќе оди во затвор – Слободен печат
ЕспресоШоу биз

Судот донесе пресуда дали Тони Цетински ќе оди во затвор

- Вакво нешто не би му посакал никому - изјавил пејачот по судската расправа

Пејачот Тони Цетински е ослободен од обвинението во случајот за сообраќајната несреќа која се случи на 3 ноември 2017 година во Ровињ, кога настрада 62 годишниот Ибрахим Кевљанин.

Судијата Тања Канис Пренс со пресудата потврдила дека државното обвинителство не успеало да достави ниту еден доказ и поради тоа пејачот се ослободува од обвинение.

Тони беше видно вознемирен по читањето на пресудата и пред новинарите и во судот кажал дека вакво нешто не би сакал никому да му се случи.

– Она што највеќе ти останува во сеќавање е моментот на несреќата и фактот дека не можев ништо да сторам за да ја избегнам. Тука е моментот и кога не можев да му помогнам на човекот. Тоа ќе ми остане во глава целиот живот. Што се однесува за процесот не сум образуван, па да можам да го коментирам.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close