Судот донесе ослободителна пресуда за Владимир Талески, ексградоначалникот на Битола

Фото: Принтскрин

Основниот суд во Битола донесе ослободителна пресуда за ексградоначалникот на Битола, Владимир Талески, која се однесуваше за кривично дело Несовесно работење додека бил на служба, јавуваат локалните медиум.

Ослободителна пресуда за кривичното дело Несовесно работење во службата му изрече Основниот суд Битола на поранешниот градоначалник Владимир Талески, потврдија од судот за Апла.мк.

Овој судски процес се водеше по обвинение од Основното јавно обвинителство против Талески дека дури бил градоначалник не водел грижа за зградата на Офицерскиот дом во Битола и лустерот во него, не го обезбедил објектот и не презел сѐ што било потребно за негова заштита, па нанел штета на Општина Битола.

Судот за овој процес уште на 14 февруари годинава донел ослободителна пресуда, но од таму посочуваат дека е првостепена и неправосилна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот