Судот ѝ дозволи да вози автомобил: Бритни Спирс веќе го направи првиот прекршок

бритни спирс
Фото: Profimedia

Американската пејачка Бритни Спирс е фотографирана како управува автомобил со едната рака, додека со другата го држи мобилниот телефон, со што по автоматизам го прекршува американскиот закон, „Daily Mail“.

Имено, поп ѕвездата била фотографирана зад воланот на нејзиниот бел мерцедес, само еден ден откако нејзиното момче Сем направил мал судир во близина на нејзината вила во Калифорнија. Неговиот инцидент се случил на 10 минути од куќата на Бритни, но за среќа никој од учесниците не бил сериозно повреден.

Што се однесува до Бритни, од друга страна, во Калифорнија не е дозволено возење автомобил со кој било електричен уред во рака, а разговор на телефон возачите може да се остварат само на безжични слушалки или разговор преку „Bluetooth“ и звучници.

Пред неколку дена, Бритни беше фотографирана во својот Мерцедес, а по тој повод била фотографирана со огромен дијамантски прстен на малиот прст од левата рака, па сите се прашуваат дали таа се верила во тајност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by #freebritney (@freebritneypage)

Во секој случај, обожавателите го чекаат крајот на судењето и ослободување од старателството и контролата што нејзиниот татко Џејми Спирс го има над неа и нејзините финансии веќе 13 години.

Многумина веруваат дека тоа што ѕвездата е зад волан е само знак дека таа е еден чекор поблиску до победата. Повеќе фотографии можете да видите овде.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот