20 C
Скопје

Судирот на боксерските легенди е закажан за 12. септември

Тоа што пред неколку дена беше најавено денеска доби потврда, Мајк Тајсон и Рој Џонс јуниор ќе ги вркстат ракавиците во егзибициски меч.

Двајцата поранешни шампиони ќе влезат во „клинч“ на 12. септември, а предвидено е мечот да трае осум рунди и ќе биде одржан во Калифорнија.

Се враќам во рингот, лудост е да се одбие Мајк Тајсон

Како што претходно најавуваше Тајсон пресметката ќе биде од хуманитарен карактер. Тајсон (54 години) и четири години помладиот Џон јуниор нема да носат заштитни кациги, но затоа ќе имаат поголеми ракавици од стандардните.

– Ова нема да биде меч во кој и двајцата боксери ќе се обидат да си ги откинат главите. Нема да има тешки удари во рингот, а навивачите ќе имаат можност да видат две боксерски легенди – изјави Енди Фостер, извршниот директор на Атлетската комисија на Калифорнија која на двајцата боксери им даде дозвола за настап.

Рој Џонс јуниор/EPA/SERGEI CHIRIKOV

Последниот меч на Тајсон беше на 11. јуни 2005 година кога загуби од Ирецон Кевин Мекбрајд, додека Рој Џонс јуниор последен пат во рингот беше на 8. февруари 2018 година.

Тајсон во кариерата има 50 победи од кои 44 се со нокаут и има уште шест порази и два поништени борби, додека учинокот на Рој Џонс Јуниор е 66 победи од кои 47 со нокаут и девет порази.

Поврзани вести

Новиот голман на Вардар 1961 со одлична партија во Бундеслигата

Слободен печат

ВИДЕО: Манчестер јунајтед е „крал“ на пресврти во Премиер лигата!

Слободен печат

Струга Трим Лум го испрати Вардар во Втората лига

Слободен печат

Хамилтон на две победи од јубилеј, светскиот шампион ја освои и „Каталуња“

Слободен печат

Ова долго се чекаше, конечно ќе се игра првиот фудбалски меч пред полн стадион

Слободен печат

ВИДЕО: Супер гол на Андонова против Еспањол и го прослави во стилот на Роналдо!

Слободен печат

Остави Коментар