СУДИРИТЕ ВО СИРИЈА НЕ СТИВНУВААТ: Двајца сириски војници убиени во гранатирања на турските сили

Најмалку двајца војници на сириската армија се убиени кога во текот на ноќта една турска граната паднала на сириска позиција на северостокот од Сирија, јавија воени набљудувачи, пренесе ДПА.

Сирискиот центар за човекови права (SOHR) со седиште во Велика Британија соопшти дека војниците биле убиени кога турските трупи и нивните сојузници гранатирале област источно од Аин Иса, каде претходно дојде до судири меѓу турските сили и Сириските демократски сили (СДФ), предводени од Курдите.

Очевидци за ДПА напредуваат во гранатирањето има и голем број повредени сириски војници.

Центарот, исто така, соопшти дека во досегашните судири има деветмина загинати борци на СДФ, како и 21 бунтовник, кои се поддржани од Турци.

Сириските владини сили во понеделникот се распоредија во курдските упоришта во североисточна Сирија, согласно договорот меѓу Курдите и Дамаск за спречување на турскиот упад, почнат на 9 октомври.

Прочитајте и...  Заев: Со седење дома на ден на избори, помага само да се врати режим

Турција го почна долго најуваниот упад во северна Сирија, насочувајќи се на сириските курдски милиции, за кои Анкара вели дека се поврзани со забранетата Курдска работничка партија (ПКК).

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела најави повлекување на американските војници од курдските области во близина на турската граница, што беше потег што се протолкува како зелено светло за инвазијата на Турција.

СДФ беа главниот американски партнер во борбата против Исламска држава, но се најдоа напуштени од Вашингтон.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган инсистира на тоа дека со офанзивата само ја обезбедува границата на неговата земја, каде во тампон зоната сака да пресели еден до два милиона сириски бегалци.

Прочитај повеќе

Светот допрва ќе ги осети последиците од короната: Вниманието е на вирусот, а демнее опасност за која никој не збори

Слободен печат

Протестите во Србија продолжуваат шести ден по ред

Слободен печат

Богојески: Гласајте за 10 за слободни медиуми, за кривично дело лажно политичко ветување

Слободен печат

Сувенири од 360.000 евра за промоција на Скопје 2014 шест години скапуваат во подрум

Слободен печат

Хоти: Приштина во дијалогот со Белград влегува единствено заради меѓусебно признавање

Слободен печат

Шекеринска: Десетина дена пред нападот во Собранието ќерката на Дурловски ми седеше во скут додека и читав приказна

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Четврти ден протести во Бугарија: Демонстрантите бараат оставка од Владата и јавниот обвинител

Слободен печат

Заев: Со седење дома на ден на избори, помага само да се врати режим

Слободен печат

Мицкоски: Нудиме 1.000 решенија за 1.000 проблеми

Слободен печат

Спасовски и Филипче во Куманово: На 15 јули гласајте за сигурно здравство

Слободен печат

Еколошка катастрофа: На Арктикот истекле 45 тони гориво

Слободен печат

МЗ: Изминатиот период се набавени 12 амбулантни возила и 13 нови возила за домашно лекување (ФОТО)

Слободен печат