СУДИРИ ВО ИРАК: По последното деноноќие убиени најмалку 40 антивладини демонстранти

Фото: EPA-EFE/HAIDER AL-ASSADEE

Ирачките сили за безбедност убиле најмалку 40 антивладини демонстранти во последните 24 часа додека насилството ескалира во престолнината Багдад и на југот од земјата, наведуваат официјални претставници.

Демонстрантите завчера го запалија иранскиот конзулат во светиот шиитски град Наџаф, на југот од земјата, што Иран остро го осуди, јавија американските медиуми. Оттогаш насилството ескалира, а силите за безбедност во јужниот дел од земјата убија 36 демонстранти, додека 245 се ранети. Уште четворица демонстранти се убиени во Багдад, а повредени дополнителни 22-ца.

Немирите и протестите го потресуваат Ирак од 1 октомври , а најизразени се во Багдад и поголемиот дел од јужните, доминантно шиитски, градови.

Демонстрантите ја обвинуваат владата, предводена од шиитите, дека ја штити корупцијата и го истакнуваат незадоволството од лошите услуги во јавните служби и високата невработеност.

Оттогаш силите за безбедност убиле 350 демонстранти низ земјата, при што редовно користат боева муниција и солзавец во растерување на демонстрантите, потсетуваат агенциите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот