Судири на протестот за легализација на абортусот во Мексико Сити

epaselect epa08704907 Women and feminist groups supporters protest against the criminalization of abortion in Guadalajara, Mexico, 28 September 2020. The protest was held to mark International Safe Abortion Day, celebrated annually on 28 September worldwide. EPA-EFE/FRANCISCO GUASCO

Жени демонстрантки кои бараат легализација на абортусот се судрија со полицијата и фрлаа молотови коктели на улиците на Мексико Сити.

Жените кои носеа зелени марами, кои станаа симбол на движењето за слобода на избор во Латинска Америка, се собраа во главниот град да го одбележат Меѓународниот ден на сигурен абортус.

Полицијата, меѓу која имаше и многу жени, одговори со солзавец, а најмалку еден полицаец беше повреден.

Во Мексико абортусот е забранет надвор од главниот град и јужната држава Оахака, која го легализираше минатата година.

Во останатиот дел на Мексико абортусот е дозволен само во посебни околности, како што е силување. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот