Судири меѓу студенти и полиција во Јоханесбург: Најмалку едно лице загина, тројца се уапсени

Фото: EPA-EFE/KIM LUDBROOK

Најмалку едно лице го загуби животот, две се повредени, а тројца уапсени во судирите меѓу студентите и полицијата за време на протестите за партиципација на Универзитетот Вајтватерсранд во Јоханесбург.

Жртвата е случаен минувач кој влезе во оган што го отвори полицијата врз студентите, се наведува во соопштението.

Протестите се организираа по забраната за упис на илјадници студенти кои должат партиципација за минатата учебна година. Властите се загрижени дека протестите во Јоханесбург би можеле да се прошират и на останатите јужноафрикански универзитети.

Министерот за високо образование во понеделникот истакна дека владината Национална програма за финансиска поддршка на студентите што е насочена кон сиромашните академци нема доволно пари, што е последица на економскиот пад поради пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот