Судири меѓу приврзаниците и противниците на бразилскиот претседател Болсонаро

Бразилската полиција синоќа во Сао Паоло употреби солзавец  за да ги раздвои приврзаниците и противниците на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро.

Неколку стотици навивачи на фудбалските клубови во најголемиот бразилски град протестираа против Болсонаро, а за време на протестниот марш  многумина извикуваа „демократија”. До конфликтот дојде кога се појави група на приврзаници на Болсонаро кои носеа неонацистичко знаме, пренесуваат американските медиуми.

Извршниот секретар на воената полиција Алваро Батиста Камило изјави дека приврзаниците на Болсонаро често пати се собираат за да го поддржат шефот на државата и дека полицијата испукала солзавец кон противниците на претседателот, бидејќи било потешко да ги растера.

Засега не се знае дали има уапсени или повредени демонстранти на двете страни.

Американските медиуми јавуваат дека судир меѓу приврзаниците и противниците на Болсонар, исто така, имало и во Рио де Жанеиро.

Речиси половина милион Бразилци досега се заразија со коронавирус, а повеќе од 28.000 умреа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот