Судири меѓу приврзаници на ДПС и опозицијата во Подгорица, неколку лица се повредени

Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Неколку лица синоќа се повредени во подрачјето на градот Подгорица, во судир меѓу приврзаници на ДПС и опозициските коалиции.

Полицијата спречила потежок инцидент која ги разделила двете групи, јави подгоричкиот весник „Вијести”.

Наводно, приврзаници на ДПС славеле во кафулето „Штрафта” кога дошла група симпатизери на опозицијата и ги нападнала, информира „Вијести”, повикувајќи се на неофицијални извори од црногорската полиција.

Илјадници луѓе синоќа се собраа на улиците во Подгорица за да го прослават успехот на опозицијата на парламентарните избори во неделата.

Синоќа во повеќе црногорски градови се одржаа и собири и литии поради повод контроверзниот Закон за слобода на вероисповед.

Освен во Подгорица, каде илјадници луѓе се собраа пред црквата Христово воскресение, собири се одржаа и во Бијело Поље, Бар, Беране и Даниловград.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот