Судири меѓу полицијата и демонстрантите во близина на Даунинг стрит: Полицаец падна од коњот (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Полицијата и демонстрантите се судрија вечерва во близина на резиденцијата на британскиот премиер Борис Џонсон во Лондон за време на протестот по повод убиството на Афроамериканецот Џорд Флојд во Минеаполис, јавија британските медиуми.

На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа како еден од полицајците од коњичката единица е очигледно исфрлен од неговиот коњ, пренесува Скај њуз.

Според медиумот, полицаецот останал да лежи на земјата додека коњот продолжил да трча кон демонстрантите.

Британскиот весник „Стандард” наведува дека демонстрантите во еден момент фрлиле навивачки факел кон полицијата.

Илјадници демонстранти се собраа пред „Даунинг стрит 10″ по митингот на плоштадот пред британскиот Парламент и по маршот низ центарот на Лондон.

Демонстрации попладнево се одржаа и во Манчестер, Кардиф, Шефилд и Њукасл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот