Судир во парламентот: Шаленберг ја продолжува политиката на Курц, опозицијата остро реагира

Новиот канцелар (десно) и вицеканцелар (лево) на Австрија/ Фото EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Новиот австриски канцелар, Александар Шаленберг, во парламентот објави дека владата под негово водство ќе ги држи упатствата на неговиот претходник, Себастијан Курц.  

Опозицијата, пак, остро ги осуди на Шаленберг и Курц. Тековниот фокус на новиот канцелар ги вклучува миграцијата, пазарот на трудот, ковид-19 пандемијата и проевропскиот став.  

„Европа се уште е нашата централна референтна рамка и одлучувачки политички лост за нас“, рече австрискиот канцелар, кој, како и Курц, доаѓа од Австриската народна партија (ОВП).  

Тој најави дека овој четврток ќе го посети Брисел, каде се планирани разговори со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.  

„Ако денес имам порака за сите вас, тоа е дека нашата рака е подадена на сите“, им рече тој на пратениците, како на коалициските Зелени, така и на опозицијата. 

Во речиси десетминутна презентација на владините планови, Шаленберг изјавил дека економската и социјалната даночна реформа ќе бидат суштината на работата на австриската влада. Тој најавил и неколку инвестиции во модернизацијата на образованието, истражувањето и дигитализацијата.  Што се однесува до миграцијата и интеграцијата, канцеларот изјави дека „доследно ќе го продолжи досегашниот пат“, пренесува АПА.  

Во својот говор, тој не ја споменал истрагата против Курц и не говорел за владините планови во борбата против корупцијата во земјата.  

Новиот австриски канцелар/ Фото EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Вицеканцеларот исто така им се обратил на пратениците 

„Дозволете судството да работи на независната истрага“, изјави вицеканцеларот Коглер.  

Тој додаде дека е добро што судството не дозволило да биде под туѓо влијание.  

Остро во парламентот  

Опозицијата го критикуваше Шаленберг и неговиот претходник Курц во парламентот. Лидерот на ФПО, Херберт Кикл, смета дека Шаленберг не треба да се осмелува да „држи лекции“ во парламентот.  

Претседателката на австриските социјалдемократи (СЈО), Памела Ренди-Вагнер, рече дека новиот канцелар ја загубил големата доверба уште од првиот ден. Таа додаде дека промените во австриската влада се само фарса, бидејќи според неа, Курц уште продолжува со неговото повлекување. Таа го повика новиот канцелар да престане со политиките на Курц.

Лидерката на СЈО, Памела Ренди-Вагнер/ Фото EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

ФОТО+ВИДЕО | По оставката на Курц: Шаланберг положи заклетва како канцелар на Австрија

Кој е Александар Шаленберг? Министерот предложен за иден австриски канцелар

 

Видео на денот