Судир на Индија и Кина и во виртуелниот свет

мобилен телефон
Мобилни телефони / Фото: Unsplash

Индија забрани десетици апликации од Кина, Пекинг обвинува за дискриминација.

Индија забрани десетици апликации направени од кинески компании вклучувајќи ги Тик Ток (TikTok), ВиЧет (WeChat) и неколкуQQ апликации и Baidu aпликацијата. Одлуката за блокирање на 59 кинески апликации, Пекинг ја оцени како „сериозно загрижувачка” и „дискриминирачка”.

Индиското Министерство за информатичка технологија ја донесоа  одлука „со оглед на достапните информации да се вклучат во активности што му штетат на суверенитетот и интегритетот на Индија, одбраната на Индија, безбедноста на државата и јавниот ред”.

Забраната се однесува на вкупно 59 апликации, вклучително Mi Community за Xiaomi и Mi Video Call.
Како што е случајот со многу други нации, TikTok има огромен бизнис во Индија. Апликацијата за кратко видео има повеќе од 200 милиони корисници во таа држава, а матичната компанија ByteDance очекуваше да премине 300 милиони таму до крајот на оваа година.
Сите апликации се уште се достапни во App Store на Apple и Google Play.

„Компјутерскиот рим за реакција во итни случаи (ЦЕРТ-ИН), исто така, доби бројни примери од граѓани во врска со безбедноста на податоците и нарушувањата на приватноста што влијаат на проблеми со јавниот ред”, соопшти Владата.

„Постои силен консензус во јавната сфера да се преземат активности против апликациите што му штетат на суверенитетот на Индија и приватноста на нашите граѓани”, се нагласува во владиното соопштение.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лијан изјави денеска дека Пекинг е сериозно загрижен поради одлуката на Индија и ги потсети властите во Њу Делхи дека имаат одговорност за почитување на правата на кинеските компании.

– Индиските мерки, селективно и дискриминаторски имаат за цел одредени кинески апликации поради нејасни и шпекулативни основи, и тие се спротивни на барањата за фер и транспарентно работење, со нив се злоупотребуваат исклучоците за национална безбедност и се кршат правилата на СТО. Тоа, исто така, оди против генералниот тренд на меѓународни трговија и е-трговија и не соодетствува со интересите на потрошувачите и пазарната конкуренција во Индија, изјави портпаролот на кинеската амбасада во Њу Делхи Жи Ронг.

Одлуката за забрана на кинеските апликации, која дел од индиските медиуми ја опишаа како „почеток на дигитална војна”, следува откако на 15 јуни во судирите на Хималаите, на границата меѓу Индија и Кина беа убиени 20 индиски војници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот