СУДИР НА БАНДИ ВО МЕКСИКАНСКИ ЗАТВОР: Шестмина осуденици се убиени, двајца се повредени

Фото: Миа

Шестмина осуденици се убиени во судир на ривалски групи во затвор во централната мексиканска држава Морелос.

Меѓу нив има и поранешен водач на криминална банда осомничен за 43 исчезнати студенти во 2014 година.

Двајца осуденици се повредени во судирот и со хеликоптер биле пренесени во најблиската болница.

Властите соопштија дека во затворот се упатени припадници на полицијата, армијата и Националната гарда со цел целосно воспоставување контрола.

Меѓу убиените е и Рејмундо Исидро, поранешен лидер на криминалната банда „Герерос унидос” во Морелос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот