Судир меѓу полицијата и демонстрантите заради изборниот резултат во Боливија

Фото: EPA-EFE/MARTIN ALIPAZ

Боливиската полиција се судри со демонстрантите кои се обидуваат да маршираат до претседателската палата во Ла Паз, оспорените резултати од претседателските избори во земјата.

Полицијата употреби солзавец за да ги одбие демонстрантите кои синоќа и рано утринава фрлале камења врз неа, јавуваат американските медиуми.

Приврзаниците на боливискиот претседател Ево Моралес го блокираа доаѓањето на опозицискиот лидер Луис Фернандо Камачо во главниот град Ла Паз. Владата, имено, дозволи тој да се врати во неговиот роден град.

Камачо ги предводи протестите во Санта Круз, најбројниот град во земјата, барајќи од Моралес да поднесе оставка по изборите оддржани на 20 октомври.

Противниците ги оспоруваат официјалните резултати од изборите според кои Моралес победи со разлика гласови доволна само да се избегне втор круг од гласање, во кој тој требаше да ги одмери силите со обединетата опозиција.

Од својта страна Моралес ја обвинува опозицијата дека се обидува да изведе државен удар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот