Судир меѓу полиција и демонстранти во Лондон, уапсени 32 лица (ФОТО)

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Полицијата во Лондон синоќа уапси 32 лица на протестот против рестриктивните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Протестот дојде како последица на изјавата на британскиот премиер Борис Џонсон дека размислува за повторно воведување на одредени мерки низ цела Англија. На плоштадот Трафалгар се собраа над 1.000 луѓе, а немирите избувнаа кога полицијата се обиде да ги растера демонстрантите.

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Слобода – не страв” и „Измама” а кон полицијата извикуваа „Избери страна”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот