Судијката Гинсберг испратена на домашно лекување

Фото: Профимедиа

Судијката на Врховениот суд на САД, Рут Гинсбург, повторно беше примена во болница овојпат поради треска, но синоќа била пренесена на домашно лекување откако летоска помина третман на радијација на тумор на панкреасот.

Судијката (86) се соочува со здравствени проблеми и таа една од неколкуте останати судии во Врховниот суд назначен пред и за време на поранешниот претседател Барак Обама.

Доколку замине од функцијата поради болест, американскиот претседател Доналд Трамп ќе може да назначи трет свој судија во ова мошне важно тело во судско-извршната власт на САД и со тоа да врши поголемо влијание врз неговите одлуки. По преземањето на функцијата во 2017 година, претседателот Трамп ги назначи судиите Нил Горсиќ и Брет Кавано.

Судот се очекува наскоро да одлучи по жалбата на Трамп да не се објавуваат неговите даночни пријави, отакако суд во Менхетн по барање на њујоршкото обвинителство неодамна донесе одлука претседателот да ги објави своите даночни пријави.

Врховниот суд на САД е составен од девет судии. Судијките Соња Стомоар и Елена Каган беа номинирина од поранешниот петседател Барак Обама. Петмина останати судии како Гинсберг и претседателот на Врховниот суд, Џон Робертс-помладиот се назначени од претходно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот