Судијка од Врховниот суд на Хаити осомничена за атентатот на претседателот

Погребот на убиениот претседател на Хаити Жовенел Моиз Фото: EPA-EFE/ORLANDO BARRIA

Полицијата на Хаити соопшти дека меѓу осомничените за убиството на претседателот Жованел Моиз е и судијка од Врховниот суд.

Во соопштението се вели дека судијката се сретнала со колумбиските платеници кои го ликвидирале претседателот.

Издадена е потерница за судијката Вендел Кок Тело, која беше отпуштена кога Моиз во февруари годинава објави дека е планиран државен удар против него. Засега не е познато каде се наоѓа таа.

Колумбиските платеници и двајца Американци со потекло од Хаити, кои беа уапсени по убиството на Моиз на 7 јули, рекле дека се сретнале со судијката Кок Тело.

Неколкумина од нив изјавија дека биле во нејзината куќа и во полиција доставија документи потпишани за време на тие состаноци – изјави портпаролката на хаитската полиција Мари Мишел Верије.

Постојат многу отворени прашања во врска со убиството на претседателот на Хаити, меѓу другото, и како убијците успеале да го поминат обезбедувањето во куќата на Моиз.

Еден од највисоките функционери на администрацијата Моиз беше уапсен под сомнение дека соработувал со убијците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот