Судијата Туфегџиќ бара ОЈО да отвори предмет по исказот на Слободан Богоевски

Судијата Владимир Туфегџиќ кој е во судечкиот совет во предметот познат како „Таргет-Тврдина“, на денешното рочиште, по сведочењето на поранешниот шеф на тајната полиција Слободан Богоевски, од обвинителите во овој случај Ленче Ристовска и Трајче Пеливанов побара тие најитно што може да го известат нивниот претпоставен-Републичкиот јавен обвинител за изказот и тврдењата кои во судница ги искажа поранешниот разузнавач. Токму Богоевски денеска изјави:

„И денес ги трпам последиците донесени од судот по наредба на Мијалков. За сите средби на Мијалков со сите обвинители и судии кои учествувале во мојот предмет имам докази. Имам писмени искази заверени на Нотар кои присуствувале на тие средби. Многу пресуди се правосилни како и мојата, но се базирани од нелегално прислушкувани разговори“.

Богоевски: Имам докази како се монтирале случаеви од УБК

Судијата Туфегџиќ истакна дека начинот на кој тоа денеска било искажано во судница го смета за допрен глас и нагласи дека застапниците на обвинението по приемот на записникот од денешното рочиште имаат обврска да го известат Јавниот обвинител.

– Јас како истражен судија сум учесник во постапката која беше водена против сведокот. Ќе барам од ОЈО информација дали е поведена постапка бидејќи и во јавни настапи и во дебатни емисии сведокот го има тврдено истото. Јас од СЈО побарав да добијам информација дали сум бил незаконски прислушкуван. Добив негативен одговор. Ова денес го сфатив лично и немам што да кријам – рече судијата Туфегџиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот