Судијата Реџепагиќ ќе решава дали Јанева ќе заврши во притвор

Фото: Слободен печат

Судијата Седат Реџепагиќ, ќе решава дали специјалната обвинителка Катица Јанева ќе заврши во притвор, по нејзиното денешно приведување.

Реџепагиќ ќе решава за барањето за притвор, бидејќи останатите судии кои работат на предмети од организиран криминал се на одмор.

Реџепагиќ се спомнува во една од аудио-снимките меѓу Камчев и Боки 13, каде што Камчев му вели на Боки 13 дека постапил како што го советувал и дека извесно барање поднел во ден кога на одмор е судијката Весна Димишкова, а на смена е Реџепагиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот