Илон Маск / Фото EPA-EFE/Lukasz Gagulski

Судијата привремено го блокира одделот на Маск да пристапи до владините платежни системи

Американски сојузен судија денеска ја блокира новата Комисија за ефикасност на владата (DOGE), предводена од милијардерот Илон Маск, да има контрола врз системот за плаќање на Министерството за финансии.

Тоа е нова судска препрека на реформата што ја почна американскиот претседател Доналд Трамп.

Судијата Пол Енгелмаер со итна наредна им забрани на „сите политички именувани“, „сите специјални владини агенти“ и „сите владини службеници поврзани со агенција што не е дел од Одделот“ да пристапуваат до податоците на Министерството за финансии.

Во привремената наредба, која е во сила до сослушувањето закажано за 14 февруари, се наведува дека секое лице кое имало пристап до податоците од архивите на Министерството за финансии од инаугурацијата на Трамп на 20 јануари, мора „веднаш да ги уништи сите копии од преземениот материјал“. Соработниците на Маск пред неколку дена ја презедоа контролата врз платните системи на Министерството за финансии, што за опозициските демократи е „исклучително опасно“.

Според судијата Енгелмаер, без забраната, државата „ќе претрпи непоправлива штета“. Тој истакна дека на ДОГЕ ќе создаде „опасност од откривање чувствителни и доверливи информации и зголемен ризик од хакирање во системите на Министерството за финансии“.

Синдикатите и групите за човекови права остро се спротивставија на најбогатиот човек во светот да го преземе системот за плати на Министерството за финансии.

Тужбата против овој план беше поднесена од обвинители од 19 американски држави, тврдејќи дека администрацијата на Трамп го прекршила законот со проширување на пристапот до чувствителните податоци на Министерството за финансии на персоналот на ДОГЕ, Комисија која Трамп ја задолжи да ги намали владините трошоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот