Судијата полуде откако тенисер побара собирачка на топчиња да му излупи банана (ВИДЕО)
Францускиот тенисер Елиот Бенхетрит се најде на ударот на јавноста поради своето однесување во финалниот меч од квалификациите на Австралија Опне против Дмитриј Попка.
Елиот Бенхетрит обезбеди пласман во првото коло на Австралија Опен откако успешно ги помина квалификациите, но токму со еден потег тој стана една од најомразените тенисери во јавноста во Австралија.
Имено, на паузата помеѓу гемовите, Бенхетрит побара од собирачката на тошчиња да му излупи банана. Но, главниот судија Џон Блом кога го примети арогантното однесување на францускиот тенисер, веднаш реагира и и забрани на собирачката на топчиња да му ја излупи бананата велејќи и дека тоа не е нејзина работа.
So this is the moment where Elliot Benchetrit asks the ballkid to peel his banana. I’m glad the umpire (John Blom) stepped in and told him off. pic.twitter.com/TK1GET68pG
— Alex Theodoridis (@AlexTheodorid1s) January 19, 2020
На тенисерот не му се допадна наредбата на главниот судија Блом и реагираше поради тоа, а беше видно нервозен откако судијата му кажа дека собирачката на топчиња не е негова помошничка и тоа не е нејзина работа.