Судијата му покажа жолт картон на докторот!? (ВИДЕО)

принтскрин/твитер

Фудбалот никогаш нема да биде досаден додека постојат луѓе како главниот судија на квалификациите за азиското првенство (У-19) помеѓу Тајланд и Малезија.

Натпреварот заврши со минимална победа на Малезија со резултат 0:1, а дефинитивно мечот го одбележа еден интересен момент во 80. минута од средбата.

Еден груб прекршок на еден играч на Тајланд резултираше со влегување на главниот доктор на теренот кој му укажуваше помош на фудбалерот на Малезија.

Со оглед на тоа што во тие моменти резултатот беше 0:0, а главниот судија на мечот процени дека докторот потроши премногу време за помош на својот играч и му покажа жолт картон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот