-2 C
Скопје

Судијата Иван Џолев избран за претседател на Судско-медиумскиот совет

Претседателот на скопскиот кривичен суд Иван Џолев избран е избран за претседател на Судско-медиумскиот совет за период две години, додека за потпретседател на ова тело е избрана новинарката на ТВ 24 Христина Беловска, пишува „Фокус.мк“.

-Под влијание на СМС, судиите и новинарите почнаа повеќе да комуницираат, почна да се развива меѓусебна доверба, размена на информации, се надополнувавме , но и се критикувавме едни со други, а бенефитот од сето ова го имаа граѓаните кои добиваа навремени, точни информации. На овој начин директно, но и индиректно влијаевме и во зајакнувањето на демократските капацитети, а на некој начин воспоставивме и нов систем на граѓанска контрола на судското постапување , но и на владење на правото – рече Џолев.

Прочитајте и...  Бесплатно скијање во битолскиот скијачки центар „Нижо Поле"

На првата конститутивна седница беше изгласан дневниот ред за работа, а се дискутираше за следните чекори на СМС, со кои се предвидува ова советодавно тело да продолжи со активности насочени кон измени на ЗКП и Деловник за работа со да се олесни следењето на судските процеси за јавноста од технички аспект. Инаку, новиот состав на Судско-медиумскиот совет брои 15 члена, од кои 8 се новинари од различни медиуми, а 7 се од редот на судиите од различни апелациони подрачја во РСМ.

Членови на Судско-медиумскиот совет се:

1. Гордана Дувњак- Фокус

2. Елена Ивановска Мукоска- ТВ Телма

3. Флора Белули Камбери- МТВ 2

4. Михаела Димовска – Канал 5

5. Христина Беловска – Телевизија 24

Прочитајте и...  Пендаровски за МИА: Во одговорот на Акцискиот план Бугарија зборува за нашите идентитетски белези

6. Бојан Стојановски- Алсат

7. Васко Маглешов- Призма

8. Соња Делевска- СДК.мк

9. Шпенд Деваја- судија во Врховен суд

10. Шефајет Хајдари- претседател на Апелационен суд Гостивар

11. Иван Џолев – претседател на Основен Кривичен суд Скопје

12. Тодор Поп Панев- претседател на Основен суд Свети Николе

13. Илир Сулејмани- претседател на Основен граѓански суд Скопје

14. Миле Димовски- претседател на Основен суд Битола

15. Едита Насковска- судија во Управен суд

Поврзани вести

ВИДЕО I Поранешен агент на ШИК открива нечуени детали за припадникот на косовската полиција, Фадил Сулевиќ, кој вчера беше пронајден мртов во близина на Приштина: Еве што знаеше и кој се плашеше …

И.И.

ФОТО | „Доста беше“: Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ роденденски ја запроси девојката Сања

СП.

Среќа во несреќа: Нема повредени патници на ЈСП во сообраќајката кај Шумарски факултет

Слободен печат

Изградба и обнова на основни училишта со 328 милиони денари, за средните 19,7 милиони

Слободен печат

Филипче: Тие што прележале засега не треба да се вакцинираат

И.И.

Владата повторно ќе дава субвенции, овој пат 52 милиони денари ќе бидат поделени за енергетско ефикасни прозорци и сончеви колектори

И.И.

Остави Коментар