Судијата Бурим Сејдини е нов претседател на Управниот суд

Суд

Судскиот совет на денешната седница го избра судијата Бурим Сејдини за претседател на Управен суд. На конечната листа за избор имаше петмина кандидати за оваа функција. Сејдини беше претседател на Управен суд во период од 2017-та до 2021 година. При неговиот избор беше нагласена неговата професионалност, организираност, искуството и резултатите кои ги има постигнато, информираат од Судскиот совет.

На седницата Судскиот совет определил вршители на должноста претседател во неколку основни судови, Куманово, Ресен и Тетово. Досегашната претседателка Снежана Манев ќе раководи со Основен суд Куманово. За Основен суд Ресен е определена Емељ Кранли Али, која исто така до сега беше на челната функција во судот. Хасан Асани, досегашниот претседател на судот во Тетово е определен за вршител на должност. Тројцата претседатели се определни за вршители на должност поради континуитетот во работата на судовите, а на функцијата ќе останат одреден период, до официјален избор на претседатели.

Со оглед дека во неколку судови има определено вршители на должност, Судскиот совет објавил огласи за избор на претседател на основните судови во Куманово, Ресен, Тетово, Берово и за Основен кривичен суд Скопје.

Видео на денот