Судија, пуштај сестра ми, плаќам две оки злато!

Љубиша Николовски
Љубиша Николовски. / Фото: Слободен печат

Читам вест вчера на Слободен печат, банална: Сестрата Хаса на Кралот на Арабија била осудена на 10 месеци условно во Франција. Ми привлече внимание. Гледам денес истата вест станала светска. ЦНН,ББЦ и остала боранија од медиуми ја објавуваат.

Принцезата Хаса бинт Салман, сестра на Кралот на Саудиска Арабија Салман бин Абдулазиз Ал Сауд беше обвинета за соучесништво во насилство под закана со оружје и соучесништво во киднапирање, и беше осудена на десет месеци затвор, условно.

Имено принцезата Хаса бинт Салман во својот луксузен стан во Париз се изнервирала на слугата и му наредила на својот телохранител да го претепа.

Како што им изјавил на истражителите слугата (работникот) Ашраф Еид, телохранителот на принцезата му ги врзал рацете, го удирал и го принудил да и ги бакнува стапалата на принцезата, откако таа го обвинила дека ја снимил со мобилен телефон.

Откако бил претепан, принцезата Хаса му се обратила како да е куче, велејќи: „Ќе видиш како се разговара со принцеза“.

Што е тука веста?! Па за странските медиуми не знам што е ингересно. Дека таа е лоша жена, дека е невоспитана и размазена принцеза, или дека има злоупотреба на службена положба, а можеби и мобинг!

Ја споредувам ситуацијата со нашите парадигми и синтагми за правда, правна држава, независно судство, владеење на правото…има ли уште нешто…Си велам како ќе изгледаше да се случеше тоа овде кај нас! Па и на Балканот пошироко! Кој с′е не ќе се јавеше да ургира, да интервенира. Не само тоа. Кој прво ќе пријавеше? Што ако тоа случајно го направеше работникот, кој овде ќе му веруваше. И ако му поверувале, што, веднаш на суд ќе одеше пријава! Не бе…прво вртиш на Министер во МВР, ало Министре овде една будала сака да ја обвини Принцезава за насилство! Од таму одговор !!!!!????  Врти у Министерство за правда, не у МНР. МНР бара најблиска Амбасада на Сауди Арабија. Конечно го добивааг Амбасадорот. Тој уплашен веднаш се јавува на Кралот. Кралот како крал, вели: „пуштај сестра ми, или прекинувам дипломатски односи со вашата земја. Ако не плаќам две оки злато на судија!“.

Каков би бил крајот на приказнава во некоја „Балкан“ држава не ми е познат.

Како завршила во Франција, читаме. Независното Јавно обвинителство на Франција ја обвини Хаса, а независното судство ја осуди. Дали интервенирал Претседателот Макрон за да влијае не знам. Може вртел телефон и тој ама судииве му рекле f*ck off, ние бевме овде судии и кога ти не беше тоа што си, сме и тоа ќе бидеме и утре, зашто ние сме Франција. Нас не ни требаат гердани од „Сваровски“, ниту ситни подароци како да сме Индијанци во времето на Колумбо. Станови си имаме од пред тоа, и коли си имаме. Ама пред с′е имаме ДИГНИТЕТ.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот