Судија се расплака по натпреварот помеѓу Лајпциг и Астон Вила во ЛШ

Фото: Screenshot

Eкипата на Астон Вила славеше победа од 3:2 над Лајпциг и така го остави Лајпциг без шанси за пласман во следната фаза.

По овој натпревар видовме и изненадувачка сцена во која судијата Алесандро Гиалатини се расплака. Тренерот на Лајпциг, Марко Розе дојде до него да го теши, а по натпреварот беше откриена и причината.

Имено, за Гиалатини ова бил последниот натпревар во неговата кариера по кој заминува во пензија. Низ кариерата судеше на вкупно 31 натпревар во Лигата на шампионите и 11 во Лигата на Европа. Исто така беше дел од Светското првенство во 2022 и Европското првенство кое летово се одржуваше во Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот