Судија од ВАР поништи регуларен гол, се врати дома и имаше што да види! (ВИДЕО)

фото: inpaok.com

Во рамките од грчкиот фудбалски шампионат Олимпијакос на гостувањето кај Волос одигра 0:0. Пирејците постигнаа регуларен гол, но истиот беше поништен од судијата во ВАР собата.

Грчкиот фудбал е познат по контроверзи, а последниот сомнителен момент се случи вчера на стадионот „Пантесалико“ кога во 17. минута од мечот помеѓу Волос и Олимпијакос беше поништен гол на Судани.

Еден од судиите во ВАР собата беше и Ангелос Евангелу од Атина кој после натпреварот се врати дома и имаше што да види. Непознати лица ги скршија прозорците од неговиот стан и фрлиле неколку пати факели и петарди при што е направена одредена штета.

Веднаш дојде и полицијата која направи записник, зема отпечатоци од напаѓачите и го собра остатокот од доказниот материјал.

Сомнителниот момент можете да го погледнете на 01:01 мин. од видео записот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот