Судија му се заканувал на играч со смрт – УЕФА веднаш му го одзеде мечот од ЛШ

фото: EPA-EFE/MASSIMO PICA

Европската фудбалска куќа (УЕФА) донесе вонредна одлука да смени еден од судиите на натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу ПСВ Ајндховен и Спортинг Лисабон.

Италијанецот Фабио Мареска, кој требаше да биде четврти судија на овој меч, беше сменет од своите обврски поради голем скандал.

Имено, Мареска беше обвинет дека се заканувал со убиство на еден од играчите на натпреварот во кувајтското првенство меѓу Кувајт и Ал Араби, што го привлече вниманието на јавноста и на УЕФА.

Поради сериозноста на обвинувањата, УЕФА го повлече Мареска од задачата, а неговата функција ќе ја заземе Даниеле Довери, исто така од Италија.

Главен судија на мечот останува Марко Гвида, со помошниците Чиро Карбоне и Џорџе Перети. Овој натпревар ќе се игра во вторник навечер од 21.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот