15 C
Скопје

Судија ја блокираше забраната на Бајден за депортација на мигранти на неодредено време

Федералниот судија во Тексас Дру Типтон ја блокираше наредбата на американскиот претседател Џо Бајден да се забрани депортација на мигранти во следните 100 дена.

Одлуката на судијата Типтон ќе важи на неодредено време, јави Њујорк пост.

Државниот обвинител на Тексас, Кен Пакстон, претходно напиша тужба против забраната за депортација, тврдејќи дека таа е неуставна и ќе и создаде значителни економски проблеми на таа американска држава.

Типтон, кого го назначи поранешниот претседател Доналд Трамп, и во јануари привремено блокираше една одлука на Бајден на две недели, бидејќи, како што објасни, новата администрација не му дала конкретни, оправдани причини за 100-дневната забрана.

Забраната на Бајден за депортација требаше да важи за секој мигрант кој влегува во земјата илегално и под услов да не биде обвинет за тероризам и шпионажа.

Прочитајте и...  Заев и Спасовски на граѓаните од исламска вероисповед им го честитаа Светиот месец Рамазан

Поврзани вести

Радев ја закажа првата седница на новоизбраниот бугарски Парламент за 15 април

Слободен печат

ВИДЕО | Дисоска: Жените претприемачи треба да добијат помош од владата затоа што се најдоа под поголем удар на пандемијата

Александра Бубевска

ВИДЕО | Ременски: Имаме системски скандал – институционализирани форми на организиран криминал и злоупотреба на биометриските податоци

Слободен печат

Ивент индустрија: Не сме државен непријател, туку компании кои се најмалку поддржани

Слободен печат

СЗО предупредува: Пандемијата достигна критична точка, но има причина за оптимизам

Слободен печат

ЦГК: Државата наплатува само 8,2 милиони евра годишно за експлоатација на минералните суровини

Слободен печат

Остави Коментар