Судиите и обвинителите, членовите на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители се сега на потег

Со новодонесениот Закон за јавното обвинителство, сметаат од Министерството за правда,  се овозможува продолжување на сите започнати постапки, воведување гаранции за независноста на јавното обвинителство и зголемена ефикасност на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Во изминатиот период Министерството за правда интензивно работеше на отстранување на сите законски и системски пречки на патот на правдата преку усогласување на законите со европската регулатива. Денеска, можеме со сигурност да кажеме дека имаме закони со европски стандарди со чија доследна имплементација, правосудството може да си го врати угледот и довербата во јавноста, се вели во соопштението од Министерството за правда.

Остварувањето на заложбите за правда, велат оттаму, почнуваат со создавање на законска рамка, но за нивен успех неопходна е имплементација на тие закони и интегритет на оние кои ги имплементираат, а тоа се судиите, јавните обвинители, членовите на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, како и сите вработени во правосудството.

Во градењето на законската рамка, Министерството за правда тргна од Стратегијата за реформи на правосудството донесена во 2017 година. Досега, донесени се десетина закони кои создаваат солидна правна основа, меѓу кои најзначајни се Законот за јавното обвинителство, Законот за Судскиот совет и Законот за управување со движењето на предметите во судовите, како и измените и дополнувањата на Законот за Советот на јавните обвинители и Законот за судови.

Прочитајте и...  Еден од платените убијци кои пукаа во црногорскиот мафијаш во Киев имал македонски пасош (ВИДЕО)

-Создадовме можност за независна, ефикасна, транспарентна и професионална работа на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, како и ефикасни постапки за одговорност на судии и јавни обвинители за нестручно и несовесно вршење на работата. Ги заостривме критериумите за избор на судии и јавни обвинители. Обезбедивме основи за квалитетот и ефикасноста на судиите да се мерат објективно, според бројот на решени предмети, бројот на обжалени пресуди, бројот на потврдени пресуди, причините за укинување на пресудите и времетраењето на судските постапки. Предвидовме и постапка за одговорност на член на Судскиот совет, се потенцира во соопштението.

Со новодонесениот Закон за јавното обвинителство, сметаат од Министерството за правда,  се овозможува продолжување на сите започнати постапки, воведување гаранции за независноста на јавното обвинителство и зголемена ефикасност на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Прочитајте и...  Одбиено барањето за изземање на судиите од расправата по жалбите за пресудите од „27 април"

-Создадовме гаранција за спречување на манипулацијата со АКМИС системот кој во минатото се злоупотребуваше за избор на подобни судии кои ќе работат на конкретни предмети. Со новиот Закон за управување со движењето на предметите во судовите и Законот за судовите предвидовме основ за разрешување на судии и претседател на суд ако предметите не се доделуваат по случаен избор преку АКМИС. Создадовме правен основ и за сличен систем за распределба на предмети по случаен избор и во рамки на Јавното обвинителство. Тргнувајќи од сето ова, очекуваме сите институции во рамки на правосудството да ја имаат предвид својата улога во градењето на систем на владеење на правото, почитување на човековите права и напредувањето на патот на евроинтеграцијата. Судиите и обвинителите, членовите на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители се сега на потег, се вели во соопштението од Министерството за правда.

Прочитајте и...  Заев и Мицкоски тајно договараат датум за избори

Оттаму информираат дека ги поддржуваат граѓаните во нивните барања за враќање на довербата во правосудството, но заради почитување на принципите на немешање во судската власт, министерката за правда нема да учествува на денешниот марш за правдата.

Прочитај повеќе

Чулев: СВР Охрид работи на идентификација на лицата кои учествуваа на Литијата и се поднесуваат соодветни кривични пријави

Слободен печат

Педофил намамил дете со слатки, а потоа го убил и го силувал неговиот леш (ФОТО)

Слободен печат

Европа пред нова должничка криза: Мал просторот за намалување на трошоците

Слободен печат

Почина првиот здравствен работник од Ковид-19 во Македонија

Слободен печат

Корона дијалози: Здравствената не смее да прерасне во политичко – правна криза

Слободен печат

Остри критики за Министерот за безбедност на Индонезија откако го спореди коронавирусот со жените

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Златните резерви го спасија домашниот пазар во Србија

Слободен печат

Филипче: Лекарите специјалисти во болниците земаат помеѓу 85 и 170 илјади денари нето плата

Слободен печат

Италија ќе добие 170 милијарди евра од средствата на ЕУ фондот

Слободен печат

УХМР најавува пороен дожд и грмежи во попладневните часови

Слободен печат

Џонсон следниот месец ќе ги продолжи преговорите за Брегзит

Слободен печат

Извештај на граѓанските организации за недостатоците во спроведувањето на Цел 16.3 на ОН во РСМ

Слободен печат