Судиите го поздравија извештајот на Стејт департментот, правилно ја отсликал состојбата во правосудството

боки 13 бојан јовановски

Здружението на судии го поздравува Извештајот на Стејт департментот за 2022 година, за функционирањето на правосудниот систем во Република Северна Македонија.

„Нотираните факти во однос на судската независност и самостојност, случаите на несоодветно однесување во судството, несоодветниот политички и деловен притисок врз судиите, долготрајната правда, како и несоодветното финансирање и екипирање на судството, што ја попречуваат ефикасноста на судиите и влијае на довербата на јавноста во владеењето на правото, целосно кореспондира со заложбите на Здружението на судиите и заклучоците на VII-та Меѓународна судиска конференција, одржана на 2-3 ноември 2022 година“, се наведува во соопштението од Здружението на судии на Република Северна Македонија (ЗСРСМ).

На Конференцијата која беше одржана во организација на ЗСРСМ со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје и CEELI Institute од Прага, учествуваа судии, претседатели на судови и членови на Судскиот совет на РСМ, судии од земји членки на Европската Унија и земји со отворени преговори за полноправно членство.

– Овие заклучоци беа доставени до соодветните национални институции, кои уште еднаш ги повикуваме заедно да работиме на нивната имплементација и нотираните забелешки во Извештајот за 2022 година, со цел обезбедување на соодветни услови за владеење на правото и правната држава, заложби потврдени на XVI – то редовно Собрание на ЗСРСМ, одржано на 21 февруари 2023 година, во донесената Декларација, на која Здружението на судиите укажува дека независноста на судството е неопходна за обезбедување на непристрасна правда, и поради тоа истата треба да биде поддржана во нејзиниот индивидуален и институционален аспект, имајќи го предвид фактот дека различните државни власти овозможуваат функционалност на една демократска држава, само доколку секоја поодделно се фокусира на своите надлежности, притоа исполнувајќи ги должностите што произлегуваат од нивната уставна поставеност, се наведува во соопштението од Здружението на судии.

Собранието, како што се истакнува во соопштението, ги повика судиите да го потврдат својот интегритет, преку нивните одлуки и секојдневното однесување, истовремено охрабрувајќи ги медиумите на сеопфатно и објективно пренесување на информациите, со цел овозможување соодветни предуслови за реална перцепција на граѓаните кон работата на судиите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот