Судиите го налутија Лилард (ВИДЕО)

Екипата на Јута со 117:114 го совлада Портланд но натпреварот помина во знакот на големата грешка на судиите во самата завршница на натпреварот.

Кошаркарите на Портланд имаа предност од 16 поени во Јута успеа да направи пресврт и да дојде до триумфот со што ја прекина низата од пет порази по ред.

„Џезерите“ во последната четвртина имаа предност од седум поени, но клучен фактор за триумфот беше катастрофалната одлука на судиите во финишот. Имено, на 13.5 секунди до крајот, Демиен Лилард тргна да ја положи топката и со постигнатите поени резултатот ќе беше израмнет на 116:116.


Неговиот обид беше блокиран од Руди Гоберт, но во Портланд сметаа дека поените ќе бидат признати бидејќи топката беше со симнувачка патека. Но, судиите не мислеа така и го налутија Лилард, а со тоа и и донесоа победа на Јута.

Токму Лилард со 42 поени беше најпрецизен играч на натпреварот со 42 поени, додека Си Џеј Мекалум даде 27 поени, а во редовите на Јута се истакна Бојан Богдановиќ со 27 постигнати поени.

Сакраменто кингс благодарение на расположениот Богдан Богдановиќ и неговите 23 поени со 107:95 го победи Мајами Хит.

Победникот во последните моменти беше одлучен и на дуелот помеѓу Вашингтон и Далас. Бекот на Вашингтон, Бредли Бил на само две десетинки до крајот постигна поени за триумф на неговиот тим од 119:118.


Резултати:
Филаделфија – Мемфис 119:107
Вашингтон – Далас 119:118
Бостон – Атланта 112:107
Индијана – Торонто 106:115
Оклахома сити – Детроит 108:101
Феникс – Хјустон 127:91
Сакраменто – Мајами 105:97
Јута – Портланд 117:114

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот