Судии за преоценка-„Сите ги знаеме кои се, никој не ги кажува“!

Според Никола Јовановски од Центарот за правни анализи „сите ги знаеме кои се судиите кои треба да бидат подложени на реевалуација, но никој не ги кажува по име и презиме. Таа бројка е околу десет проценти од вкупниот број од 520 судии во Македонија“ вели Никола Јовановски.

Прашањето според него е дали Судскиот Совет е способен да го изврши ветингот, или тоа треба да го стори  едно независно тело заедно со Советот, но и професионалци од дома и од странство.
На тој начин ќе се овозможи  оние судии кои придонеле одредени предмети да се одлоговлечат или застарат, или пак да бидат решени на начин кој е во полза на некого, би биле подложни на реевалуација.
Кај нас уставот не дозволува генерален реизбор. Од друга страна Судскиот Совет само на четири години врши оценка.

„Во последните осум години кај нас се разрешени 42 судии, а во Холандија за 22 години, само двајца 2 судии на база на етички критериуми“, вели Јовановски.

Нашите разрешени имаат постапка пред судот за човекови права во Стразбур и имаат позитивни пресдуи од таму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот