Судии предупредуваат: Уставниот суд ќе направи правен хаос во државата ако ја заживее аболицијата на Иванов

Уставниот суд може да направи правен хаос во државата доколу донесе одлука за поништување на чл.11-а од Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 година, кој предвидува претседателот на државата да го поништи претходно даденото помилување, со образложение дека не постои уставна можност претседателот да го повлече еднаш дадено помилување.

Со ова ќе тргне лавината на помилуваните 56 лица, меѓу кои Никола Груевски, Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Кирил Божиновски, Трајко Вељаноски.

Пред уставните судии на една од наредните седици на маса ќе се најдат две можни одлуки, за спорниот член 11-а. – Уставниот суд да го укине или да го поништи. Ваквата информација за „Слободен печат“ ја потврдуваат ивори во судот. Спред устваното право, тоа би значело, ако се укине одредбата 11-а нема да важи само во иднина. Тогаш законодавецот треба да донесе друг – нов закон, кој нема да се одрази на последиците кој законот ги има кога е донесен. Во вториот случај – ако судот ја поништи одредбата 11-а тогаш одлуката ќе има повратно дејство, што значи дека сите правни последици од Законот од моментот кога е донесен – судот ги поништува.

Нашите извори велат дека ако уставните судии ја донесат втората одлука, поништувачката, тогаш може да се случи и активирање на аболицијата на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, бидејќи тоа ќе значи дека еднаш дадена аболиција не може да се отповика. Со тоа ќе се создаде правен хаос во државата, а посебно во судскиот систем, посочуваат судии за „Слободен печат“. Нашите извори велат дека разумот кај Уставниот суд треба да преовладее и затоа не веруваат дека ќе има такво мнозинство.

Уставнито суд брои 9 члена. За одлуката членот 11-а да се врати на седница тројца беа против, но затоа пак шестмина беа ЗА . Па така со шест уставни гласови е донесена и одлуката за да се покрене постапка дали таа да биде укинувачка или поништувачка. Со оглед на тоа дека за секоја уставна одлука доволни се 5 гласови на уставните судии и ако се земе предвид дека имаше мнозинство за покренување на постапка, нашите извори стравуваат дали тоа би значело оти ќе се обезбеди истото мнозинство и за евентуално овозможување повторно да се активира аболицијата на Иванов.

Важноста на аболицијата на поранешниот претседател ја потврди и Врховниот суд на Грција, кој лани во мај не дозволи екстрадиција на сега осудените за масовното прислушување Горан Грујевски и Никола Бошкоски, со образложение дека „одлуката на претседателот со донесениот важечки акт од 12 април 2016 година за ослободување од гонење е еднаква на целосно прекинување на кривичното гонење, затоа што за време на нејзиното носење не постои законска можност за нејзино повлекување или поништување“. Грчките судии сметаа дека според македонскиот Устав, законите и другите прописи не можат да имаат ретроактивно дејство, освен по исклучок, во случаи кога тоа е поповолно за граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот