Судењето на Ѓоковиќ започнува пред полноќ

Новак Ѓоковиќ / фото: EPA-EFE/DIEGO FEDELE

Судењето на Новак Ѓоковиќ пред австралискиот сојузен суд ќе започне во 23.30 часот по средноевропско време, е одлучено прелиминарното судење.

Официјалната одлука за тоа дали српскиот тенисер ќе остане во Австралија и ќе ја брани титулата на гран слем турнирот во Мелбурн или ќе биде депортиран, ќе биде донесена во ноќта помеѓу сабота и недела.

Прелиминарното судење беше процедурално и се однесуваше на роковите за поднесување на документацијата, а единствена важна одлука беше дали за случајот ќе одлучува еден или тројца судии.

Адвокатите на Ѓоковиќ бараа тоа да бидат тројца судии, додека адвокатот на државата не се согласи на тоа барање по што судијаа Дејвид О’Калахан објави дека конечната одлука ќе ја донесе во текот на денот.

Претходно, Ѓоковиќ го доби првиот спорт на судот откако му беше укината визата, но австралискиот министер за имиграција, Алекс Хок повторно му ја поништи визата.

Адвокатите на Ѓоковиќ веднаш поднесоа жалба и предметот повторно се најде пред судијата Ентони Кели кој пак го префрли на Сојузниот суд кај судијата Дејвид О’Калахан.

Пред прелиминарното сослушување во судот, Ѓоковиќ имаше разговор и со имиграциските власти во Австралија. Тој судењето ќе го чека во притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот