Судењето за „Рекет” одложено за 24 април поради состојбата во затворот „Шутка“

Судењето за случајот „Рекет” продолжува на 24 април, откако денешното рочиште беше одложено поради состојбата со корона вирусот во затворот Шутка.

Случајот се наоѓа во фаза на дополнение на доказна посапка, а на денешното рочиште требало да се презентираат вештачења на ЈО.

– Денешното рочиште се одложи поради состојбата со коронавирусот во Затворот Шутка и треба да продолжи на 24 април. Во фаза сме на изведување на докази од ЈО – вештачења за кои треба да се потврди дали тие вешти лица имаат лиценци и да се пристапи кон изведување на тие вештачења, информираше за МИА, адвокатот на Катица Јанева, Дељо Кадиев.

На претходните неколку рочишта се презентираа докази од Катица Јанева – искази на обвинители од СЈО, поради што тие беа затворени за јавност

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот