Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Од авторите на Слободен Печат
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Судејќи според оружјето, САД планираат да поттикнуваат непријателства во Украина до 2025 година, обвини Москва

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека врз основа на објавените податоци од договорите за оружје на САД, може да се заклучи дека Вашингтон има намера да поттикнува непријателства во Украина најмалку до крајот на 2025 година.
„Вашингтон планира да ги поттикне непријателствата во Украина барем до крајот на 2025 година. Нивниот план се базира на документи кои не ги кријат од никого“, нагласи Захарова.
Захарова наведува и дека администрацијата на Бајден има намера да го убеди Конгресот да вклучи дополнителна поддршка за Киев во износ од 37 милијарди долари во буџетот за 2023 година и дека најголемиот дел од овие средства ќе бидат наменети за украинската армија
„САД ја контролираат Украина и ја гледаат како средство за постигнување на сопствените геополитички цели во конфронтацијата со Русија“, посочи Захарова.
Американскиот Конгрес вчера го усвои предлогот на Законот за национална одбранбена политика за 2023 година, со вкупна вредност од 858 милијарди долари, врз основа на кој следната година ќе и биде испратен нов пакет безбедносна помош за Украина.
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
3час
-
3час
-
4час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5