Судбината на Куман во рацете на шампионот: Атлетико денеска фаворит против Барса

Роналд Куман не сака да си дозволи нов лош резултат со Барса во шпанската „Ла Лига“/Фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Денеска од 21.00 часот во најсилното шпанско првенство во осмото коло на стадионот „Ванда Метрополитано“ силите ќе ги одмерат актуелниот шампион Атлетико Мадрид и Барселона.

„Јорганџиите“ сезонава досега играат во променлива форма, моментно се на четвртата позиција со само три бода зад првопласираниот Реал Мадрид.

А што да се каже за Барса, која во минатото секогаш се издвојуваше како еден од фаворитите за секој трофеј во годината, но по заминувањето на првата ѕвезда Лионел Меси, клубот бележи повеќе лоши резултати.

Каталонците се седмопласирани и имаат еден натпревар помалку и кога ќе се погледне табелата би се рекло дека и не е толку страшно. Но, игрите се тие кои загрижуваат, во Лигата на шампионите се без бодови после две кола, без постигнат гол, дури и без ниту еден шут во рамките кон голот на противниците.

Тотална катастрофа: Куман засега е сигурен на клупата бидејќи Барселона има само 2.9 милиони евра за нов стручен штаб

Тренерот Роналд Куман е под силен притисок, веќе со недели се шпекулира за неговите можни наследници. Атлетико од друга страна ги разочара навивачите во минатото коло со поразот од Алавес (1:0), но затоа го поправи впечатокот со победата во Лигата на шампионите над Милан (1:2) после пресврт.

За првпат после многу години Атлетико Мадрид ќе ја има фаворитската улога против каталонската екипа. Во нападот на домаќините се очекува да биде тандемот Гризман – Суарез, инаку двајца поранешни играчи на Барселона.

Во минатогодишните дуели, Атлетико дома славеше со голот на Караско (1:0), а на „Камп Ноу“ мируваа мрежите.

Суарез сака му се „одмазди“ на Куман со целосна почит кон Барса

Роналд Куман го откри најлошиот момент како тренер на Барса

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот