Судар на два авиона на главниот аеродром во Дубаи

Фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

Два патнички авиона утрово се судрија на пистата на Меѓународниот аеродром во Дубаи,  во инцидентот нема повредени луѓе.

Се судрија авион на нискобуџетната компанија ФлајДубаи (FlyDubai) и на компанијата Галф ер (Gulf Air) со седиште во Бахреин.

Компанијата ФлајДубаи соопшти дека еден од нејзините авиони Боинг 737-800, што требало да полета за Киргистан имал „мал инциент” и бил принуден да се врати на почетната позиција, а патниците полетале шест ччаса подоцна. Во судирот оштетен е врвот на едно од крилата на авионот.

Додека компанијата Галф ер соопшти дека нејзиниот авион е оштетен во задниот дел.

Управата на Меѓународниот аеродром во Дубаи, најпрометниот аеродром пред пандемијата со Ковид-19, соопшти дека поради судирот биле принудени да затворат една од своите две писти на два часа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот