Суд во Нигерија осуди човек на смртна казна преку апликацијата Зум

– Судот пресудува дека ќе ве обесат со бесење за врат додека не ве прогласат мртов. Бог нека се смилува на вашата душа. Тоа е виртуелната пресуда на судот, рече судијката.

Суд во Нигерија осуди човек на смрт со бесење, во рочиште одржано преку апликацијата Зум. Организацијата за човекови права Хјуманс рајтс воч денеска оцени дека станува збор за свиреп и нехуман начин на пресудување по овој предмет.

Судијка од Лагос го осуди Олелекан Хамид на смрт со бесење поради убиство на една жена. Сослушувањето треше три часа, на кое присуствувале и адвокатите. Пресудата е донесена во понеделникот, при што Хамид се вклучил на Зум од затворот, судијката од Врховниот суд во лагос, а адвокатите од други локации. Хамид изјави дека не е виновен за убиството на 76-годишната Јоласун Окинсања.

– Судот пресудува дека ќе ве обесат со бесење за врат додека не ве прогласат мртов. Бог нека се смилува на вашата душа. Тоа е виртуелната пресуда на судот, рече судијката.

Прочитајте и...  Со лесни симптоми и во самоизолација: Лидерот на косовската опозиција Албин Курти е позитивен на ковид-19

Претставник на Хјуманс рајтс воч за Би Би Си изјави дека виртуелната судница покажала дека е можно и натаму да се има пристап до правото и законите, но дека е погрешно да се носи пресуда за смртна казна преку виртуелно судење. „Оваа казна е архаична, свирепа и нехумана и треба да се укине”, оцени ХРВ.

Поврзани вести

Во Велика Британија 24 701 новозаразени, 310 починати

Илинка Иљоска

Позитивна на корона и пратеничката Славјанка Петровска

Полицаец од станица изведен со лисици, зел поткуп од 2000 евра

Слободен печат

Алжирскиот претседател префрлен во Германија на лекување

Илинка Иљоска

Почна собраниската расправа за Законот за заштита од заразни болести

Илија Димовски во клинч со министерот Маричиќ за договорот со Бугарија

Слободен печат

Остави Коментар