Субвенциите за велосипед и тротинет предизвикаа гужва пред бараките на Град Скопје (ГАЛЕРИЈА)
Град Скопје денес ги објави јавните повици за доделување субвенции за велосипеди и електрични тротинети во 2020 година.
Поради тоа редица граѓани се собраа пред бараќите на Град Скопје, со цел да поднесат барање за добивање на субвенција за купување на еден велосипед, а истото важи и за субвенција за електричен тротинет. Луѓето во редица со заштитни маски стојат во ред, а редар контролира кој може да влезе.
Градот Скопје апелира граѓаните да ја држат потребната дистанца, да носат заштитна опрема и да имаат трпение додека чекаат да ја предадат потребната документација за добивање субвенции.
Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход, и 30 отсто од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.