Субвенции за снимање филмови во Србија, можност за македонските продукции

Според пресметката на српските власти, за секој денар кој го доделува државата и се враќаат девет.

Српската влада ќе субвенционира 25 отсто од вложените пари на странски продукции кои ќе снимаат филмови или серии во Србија. Оние кои ќе потрошат повеќе од пет милиони евра ќе добијат 30 проценти, под услов да не наштетат на угледот на државата.

Условите се дефинирани за секој вид на продукција, од играни, наменски или документирани филмови, серии или други ТВ содржини кои се однесуваат на висината на вложување во снимањето во Србија.

За да ги добијат парите, трошоците на продукциите ќе мора да ги провери овластен ревизор.

Според пресметката на српските власти, за секој денар кој го доделува државата и се враќаат девет.

За секоја категорија постои минимален изнес на вложување за продукциите да можат да добијат субвенции. Па така, за игран филм и ТВ филм потребно е да се вложат најмалку 300.000 евра, 300.000 евра по епизода за ТВ серија, 150.000 евра за анимиран филм, 50.000 евра за документиран филм, 300.000 евра за наменски филм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот