Во Кочани ќе се возат со субвенционирани велосипеди

Маж вози велосипед во близина на споменикот на Јосип Броз Тито во Скопје
Гимназијата „Јосип Броз“ во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Општина Кочани ќе им додели субвенции на граѓаните кои во наредниот период ќе набават велосипед, како една од индиректните мерки за намалување на загадувањето на воздухот.

За почеток со овој проект е предвидено да се обезбеди покривање на дел од трошоците за набавка на стотина велосипеди, за што програмата за заштита на животната средина во општинскиот буџет се издвоени 350 илјади денари, односно висината на поединечна субвенција ќе изнесува три илјади денари по барател.

Во одлуката за субвенционирањето, меѓу другото е нагласено дека барателите на финансиска помош треба да се жители на општина Кочани, а распределбата ќе се врши според принципот „прв дојден, прв услужен”, сè до искористување на предвидените средства.

-Целта на оваа мерка е да продолжиме со подигање на јавната свест за зачувување на животната средина и да поттикнеме поеколошки превоз, како замена на користењето на автомобили и други моторни возила. Истовремено, ќе придонесеме за извесно намалување на метежот од возила по градските улици. Заедно со субвенционирањето на набавката на инвертер климатизери и печки на пелети, ова се само дел од активностите за редуцирање на загаденоста на воздухот на локално и регионално ниво, истакна градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Членовите на Советот на Општина Кочани, кои на денешната седница дадоа поддршка на одлуката за субвенционирање на набавката на велосипеди, побараа во наредниот период да се направи ребаланс на буџетот и да се обезбедат дополнителни средства за оваа намена.

Беше упатен јавен повик до сите вработени во општинската администрација, до членовите на Советот и до нивните блиски во семејствата, од етички и морални причини да не поднесуваат барања за субвенции

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот