Субвенции за домаќинствата за подобрување на енергетската ефикасност

Фото: Profimedia

Во Буџетот на државата за годинава се издвоени 52 милиони денари за проекти кои ќе значат зголемување на енергетската ефикасност во домаќинствата.

– Поради пандемијата, ланските средства не се искористија во целост и тие пари се пренаменија кај оние групи кои беа најмногу погодени од пандемијата, рече министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој објасни колку пари и за што годинава ќе можат да користат граѓаните од оваа програма за енергетска ефикасност. Апликациите ќе бидат одобрувани по системот „прв дојден, прв услужен“.

За купени и вградени сончеви термални колекторски системи, од државата може да се добијат до 30 проценти од цената, но најмногу до 10.000 денари по домаќинство. Оние што се квалификувани како семејства со ниски приходи може да добијат субвенција од 70 проценти, но не повеќе од 15.000 денари.

За купени и вградени ПВЦ и алуминиумски прозорци, државата ќе дава до 50 отсто од износот, но најмногу до 20.000 денари, а за семејствата со ниски приходи субвенционирањето е до 70 проценти, но не повеќе од 25.000 денари.

За печки на палети, субвенционирањето е до 50 отсто, односно до 20.000 денари, а за семејствата со ниски приходи до 70 проценти и најмногу до 25.000 денари.

Субвенции се предвидени и за купување и инсталирање на фотонапонски панели за производство на електрична енергија до 4 киловати за сопствена потрошувачка за домаќинствата, на градба на која има право на сопственост или користење, до 30 отсто, но не повеќе од 62.000 денари по домаќинство.

Во оваа група спаѓаат и оние кои се дефинирани во Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2021 година. За енергетската сиромшатија за годинава се предвидени 8 милиони денари.

За вградување на уред на плин, или метан, субвенции до 18.000 денари

Распределба по принципот „прв дојден, прв услужен“: Ваучерите за туризам за годинава ќе бидат по 12.000 денари за семејство

Министерот Бектеши со очекување по 21 јануари: Работното време на угостителите да биде до 23 часот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот