Субвенциите за туризмот ќе бидат исплатени следната или најдоцна наредните две недели

Крешник Бектеши
Крешник Бектеши / Фото: Фејсбук, Крешник Бектеши

 Завршени се сите процедури во однос на апликациите за субвенциите во туризмот. Тие што не се исплатени, ќе бидат префрлени следната или најдоцна наредните две недели, рече денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

-Зборувам за сите тие што ги исполнуваат условите согласно објавениот повик во рамки на шестиот пакет мерки, рече Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања на настанот по повод 27 Септември, Светскиот ден на туризмот.

Според него, Министетството ќе проодлжи со мерките за поддршка на туризмот.

-Затоа бараме од сите чинители да придонесат со нивни предлози и барања, да кажат што е за нив најдобро во пост-КОВИД периодот.

Претходно, Владимир Граматиков од Сојузот на стопански комори (ССК) потврди дека имало административни пречки во доделувањето на субвенциите.

-Во комуникација со Министерството за економија се обидовме да ги откриеме пречките. Се надеваме дека субвенциите ќе бидат исплатени и дека се ќе биде во ред, истакна Граматиков. 

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот