Суарез со гол во 97 минута испиша историја во Лигата на шампионите

Луис Суарез (Атлетико Мадрид) го постигна најдоцниот гол во ЛШ/Милано, Италија, 28 септември 2021/Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Атлетико славеше против Милан во второто коло од групната фаза на Лигата на шампионите со 1:2, а решавачкиот гол беше постигнат во седмата минута од судиското надополнување (90+7`).

ВАР досуди пенал за гостите од Мадрид, на судијата му беа потребни неколку минути за да се увери дека Калулу играше со рака во казнетиот простор.

Луис Суарез шутираше од белата точка и реализираше за победа на „јорганџиите“. Со тоа, уругвајскиот напаѓач испиша историја во ЛШ.

Тој го постигна најдоцниот победнички гол во историјата на елитното натпреварување. Ова е прв гол на Суарез на гости во Лигата на шампионите од 2015 година.

После две кола, Атлетико има четири бода, два помалку од водечкиот Ливерпул и три повеќе од Порто. Милан е без бодови.

ВИДЕО: Ајакс го надигра и Бешикташ, мируваа мрежите во Киев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот