Суарез сака му се „одмазди“ на Куман со целосна почит кон Барса

Феноменалниот Уругваец беше буквално исфрлен од „Камп Ноу“, по што направи трансфер во Атлетико Мадрид со кој ја освои титулата во шпанската „Ла Лига“ минатата сезона.
Луис Суарез за каталонскиот „Спорт“ зборуваше за тренерот на Барселона, Роналд Куман и моменталната ситуација во клубот:
– Куман ме третираше како да имав 15 години, а Бартомеу (екс претседател на ФК Барселона) ја претставуваше соблекувалната како да сум штетен за тимот. Ме исфрлија од тимот и ме испратија да тренирам одделно од другите.
Тензиите помеѓу Лапорта и Куман се штетни за играчите. За среќа, Барса има многу таленти во тимот и лесно може да се излезе од оваа ситуација. Јас би му препорачал на Чави да почека. Ова не е вистинското време да дојде во клубот. Тој е паметен човек и треба да го чека вистинскиот момент – рече Суарез.
Уругваецот ќе биде на теренот против Барса во сабота и очајно сака да победи.
– Сакам да победам во сабота. Сакам да постигнам гол, и доколку тоа се случи, нема да славам од почит кон Барселона – вели Суарез.
Искусниот Уругваец го носеше дресот на каталонскиот клуб шест години. Играше на 283 натпревари и постигна 198 голови. Треба да се напомене дека Куман нема да биде на клупата на Барселона на дербито против Атлетико поради црвениот картон кој го доби на дуелот со Кадиз бидејќи имаше приговор кон четвртиот судија.
Натпреварот помеѓу Атлетико Мадрид и Барселона ќе се одигра в сабота (2 октомври) со почеток од 21.00 часот на стадионот „Ванда Метрополитано“.